понеделник, март 2, 2026
Дома МАГАЗИН „Кој јазик е ова?“ Kejт и Вилијам се обратија до јавноста, но...

„Кој јазик е ова?“ Kejт и Вилијам се обратија до јавноста, но пораката НЕ беше разбрана/ВИДЕО

311
EPA/TOLGA AKMEN

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се обратија до јавноста во специјална видео порака по повод Денот на Свети Давид, националниот празник на Велс, изговарајќи неколку реченици на велшки јазик. Моментот беше значаен бидејќи тоа беше прв пат принцезата Кејт јавно да зборува на тој јазик, што предизвика мешани реакции од публиката. Многумина се прашуваа: „Кој јазик е ова?“ и „Што всушност зборуваат?“

Нивната порака до Велс беше полна со почит кон прекрасната земја и нејзините луѓе, а принцот Вилијам е веќе познат по користењето на велшкиот јазик во своите јавни појавувања. Овој пат, двајцата се потрудија да ја покажат својата посветеност и љубов кон Велс, при што Кејт носеше жолт нарцис, симболот на Велс, додека Вилијам носеше сличен цвет на реверот.

За да се подготват за ова обраќање, принцезата и принцот ја користеа апликацијата Duolingo за да го усовршат својот изговор, а видеото беше снимено во имотот Виндзор.

ИЗДВОЕНИ