Веста за смртта на младата одбојкарка Симоне Чина го остави спортскиот свет во Италија во неверување. Безживотното тело на Симоне беше пронајдено во базенот на приватна вила во Палермо, во текот на забава.

Како што пишуваат италијанските медиуми, постои сомневање дека таа се удавила и дека е пронајдена со лицето свртено нагоре, што поттикнува многу сомнежи.

Чина, за која се верува дека била здрава и во добра форма, била гостинка на матурска забава организирана од нејзините пријатели, во изнајмена куќа. На забавата присуствувале околу 80 млади момчиња и девојки и наводно се служело многу алкохол. Во еден момент, околу 4:30 часот изутрината, гостите го пронашле телото во базенот и повикале брза помош.

Габриеле Џамброне, адвокатот на семејството Чина, рекол дека она што се случило на забавата е чудно.

  • Никој ниту видел ниту слушнал нешто, а, сепак, некои биле мокри, што е знак дека само што излегле од базенот. Како е можно да не забележале ништо?! – прашал Џамброне.

Тој, исто така, изјавил дека родителите на Симона првично не биле информирани за целата ситуација, според весникот „L’unione Sarda“. Тој посочи дека се јавила мајка ѝ на нејзиниот број за да провери дали е сè во ред, но се јавил млад човек, кој рекол дека нејзината ќерка се чувствува лошо.

Мајка ѝ и татко ѝ потоа веднаш отишле во куќата каде што се одржувала забавата, каде што ја пронашле мртва.

Адвокатот додаде дека друга мистерија е ситуацијата во самата куќа, бидејќи немало траги од алкохол, иако поканата упатувала на тоа дека ќе се служи алкохол.

  • Куќата беше чиста, немаше траги од алкохол. Чудно е бидејќи во поканата испратена преку „Ватсап“ било напишано „сакаме да останете хидрирани“, со симболи на алкохол. А кога пристигнавме, најдовме само пластични кеси со празни шишиња вода. Зошто беше отстрането сè? – прашува адвокатот.

Истражителите, исто така, пронашле траги од крв на местото на настанот, што се истражува сега. Еден од посетителите наводно изјавил дека случајно се повредил на забавата. Полицијата прави ДНК-тест и се обидува да изврши идентификација.

ИЗДВОЕНИ