Кој го исклучи елеваторот за Трамп и Меланија во Обединетите нации?/ВИДЕО

567

Белата куќа денес повика на итна истрага откако елеваторот што го користеа американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп за да пристигнат на Генералното собрание на ОН наводно запрел.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изрази загриженост на социјалните мрежи, нагласувајќи дека ако инцидентот бил намерен, одговорните треба да бидат отпуштени и веднаш истражени, објавува CNN.

„Ако некој во ОН намерно го запрел елеваторот додека претседателот и првата дама оделе по него, треба да биде отпуштен и веднаш истражен“, напиша Левит на X, споделувајќи видео од британскиот весник The Times.

Обединетите нации објавија дека елеваторот што го користел американскиот претседател Доналд Трамп нагло застанал поради безбедносен механизам што можеби го активирал неговиот снимател.

Снимателот се качувал по елеваторот наназад за да го снима пристигнувањето на американскиот претседател со првата дама Меланија Трамп и „можеби ненамерно активирал безбедносна карактеристика“ кога стигнал до врвот, изјави портпаролот на ОН, Стефан Дужарик.

За време на својот вчерашен говор од говорницата на ГС на ОН претседателот Трамп на шега се осврна на инцидентот велејќи: „Доколку првата дама не беше во добра форма, ќе паднеше“.

ИЗДВОЕНИ