На скопјани не им помагаат ниту акции, ниту пак казни за да ги сменат своите навики и да ја подигнат свеста на повисоко ниво за да имаат почист град.
Фотоапаратот на фоторепортерот регистрира повторно насобрано ѓубре во реката Вардар под еден од мостовите во централното подрачје.
Граѓаните бараа да се исчисти градот и Скопје да заличи на метропола. Рака на срце, новиот градски татко, Орце Ѓорѓиевски ги засука ракавите и со вработените од градските претпријатија и механизација која беше позајмена од другите градови го исчистија кејот. Се вадеа земјени наоси од реката и се отстрануваше ѓубрето.
Но, тоа кај нас не траеше долго. Затоа, граѓаните да се запрашаат дали секогаш се виновни надлежните институции за проблемите или во нивното создавање имаме удел и ние самите. Или повторно останува како како по песната на Леб и сол: „Матен Вардар брзо тече, тајни носи, време влече“.
Фото: (П.С.)












