„Кој е следен“ со повик! Не прашувај каде треба да бидеш во сабота? Одиме во Кочани

38

„Ниеден човек не е остров сам за себе, секој човек е дел од континентот, дел од светот. Смртта на секој човек нè намалува сите нас, бидејќи и ние сме опфатени од општеството. Затоа не прашувај каде треба да бидеш во сабота? Одиме во Кочани. Не смееме да ги оставиме сами! Протестот во Кочани почнува во 16:05 кај Паркот на Револуцијата, објавија од иницијативата „Кој е следен?“.

Тие и оваа сабота најавуваат дека ќе одат да ги поддржат родителите во Кочани, за што организираат и превоз.

Ова е втора сабота по ред, како тие им се придружуваат на родителите кои ги изгубија своите чеда во страшната трагедија. Тие на улиците, со молк испраќаат силна порака – дека следат и чекаат одговорност.

ИЗДВОЕНИ