Извршниот директор на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, изјави дека очекува наскоро да се постигне договор за гас со Русија, но дека постои и „опција Б“ за купување гас од трговци на пазарот.
Бајатовиќ рече дека имаат големи залихи и дека нема да има гасна криза.
„Нема да има гасна криза, бидејќи имаме опција А, што е руски договор што го очекувам наскоро. Постои и опција Б за купување од трговци на пазарот. Во моментов, ова би можело да се компензира бидејќи нашите залихи се огромни. И третото нешто е дека со замена на некои од изворите на енергија, првенствено овде во Белград, можете да заштедите три милиони кубни метри гас дневно со замена на мазут, што воопшто не е мала количина“, изјави Бајатовиќ за ТВ Прва.
Српскиот претседател Александар Вучиќ пред два дена изјави дека ако Србија не добие договор за гас со Русија до петок, во понеделник ќе започне преговори за купување гас од друга страна.
„Во врска со гасот, ако не добиеме договор до петок, ќе започнеме преговори во понеделник и ќе купиме гас од друга страна“, рече тој на прес-конференција по состанокот со тимовите одговорни за енергетската стабилност и безбедност на земјата.












