Кој е Џеј Џеј – младиот контратенор кој победи на Евровизија со песна за скршено срце/ВИДЕО

1517
EPA-EFE/GEORGIOS KEFALAS

Заврши уште еден избор за песна на Евровизија, 69-ти по ред. Во големото финале во Базел се натпреваруваа претставници од 26 земји, а конечната победа му припадна на Џеј Џеј. Младиот Австриец ги воодушеви жирито и публиката со својот беспрекорен вокал и сценски настап, потврдувајќи ги предвидувањата на обложувалниците кои го имаа меѓу првите три фаворити.

И додека во обложувалниците најмногу се зборуваше за Швеѓаните, меѓунив на второ место се најде Австриецот Џеј Џеј со песната „Wasted Love“.

Зад ова уметничко име стои 23-годишниот контратенор Јоханес Пич, а песната што ја пее е уникатен спој на поп и опера.

Џеј Џеј е млад човек со австриско-филипински корени кој пораснал во Дубаи и течно зборува германски, англиски, француски и тагалошки јазик. Преку семејните караоке забави, тој се заљубил во поп музиката, додека татко му го запознал со шармот на операта, создавајќи ја основата за неговиот денешен препознатлив поп-оперски стил.

Семејството се вратило во Австрија во 2016 година, кога Јоханис имал 15 години. Неговиот прекар Џеј Џеј, кој денес го користи како уметничко име, му го дале неговите школски другари кои сметале дека Ханси не звучи доволно кул.

По враќањето во Виена и завршувањето на образованието, сериозно се посветил на својата музичка кариера, запишувајќи се во оперската школа на Виенската државна опера, а подоцна студирал на Приватниот универзитет за музика и уметност на градот Виена. Тој практикува пеење најмалку три часа секој ден за да ја усоврши својата техника на контратенор.

Пред да биде избран да ја претставува Австрија на Евровизија, Џеј Џеј веќе имаше стекнато значително сценско искуство. Во 2020 година, откако го пропушти рокот за пријавување за германската верзија на шоуто, тој учествуваше во деветтата сезона на британската „The Voice UK“. На аудицијата тој ја изведе песната „The Sound of Music“ и се приклучи на тимот на will.i.am успевајќи да стигне до нокаут фазата на натпреварувањето.

Следната година, во 2021 година, се испроба за австриското талент шоу „Старманија“, каде исто така се истакна и стигна до првото финално шоу. Паралелно со овие екскурзии во поп води градеше и кариера како класичен пејач. Редовно настапува на сцената на Државната опера во Виена, каде што има одиграно улоги во опери како „Магбет“, „Били Бад“ и „Чик“, а неодамна блесна како Прво момче во реномираната премиера на новата продукција на „Волшебната флејта“.

Сонот на Џеј Џеј за настап на Евровизија се роди во 2014 година, по победата на Кончита Вурст. Тој момент го опишува како клучен и исклучително влијателен, поради што оттогаш почнал редовно да го следи натпреварот. Кончита ја смета за голема инспирација, дури и ја нарекува „мајка“ во уметничка смисла.

ИЗДВОЕНИ