сабота, февруари 28, 2026
Дома МАГАЗИН Кога злосторникот се враќа на местото на злосторот: Мечка ограбила иста продавница...

Кога злосторникот се враќа на местото на злосторот: Мечка ограбила иста продавница за слатки четири пати во Тенеси/видео

140

Агенцијата за диви животни во Тенеси истражува инцидент во кој мечка ограби продавница за слатки по четврти пат во туристичкиот град Гатлинбург, во американската држава Тенеси, објави локалната телевизиска станица WATE.

Според снимките од надзорните камери, мечката ги скршила стаклените врати на продавницата Glades Homemade Candies, превртувала полици и носела садови со слатки надвор.

Сопствениците изјавиле на социјалните мрежи дека нивниот семеен бизнис се занимава со производство на слатки веќе 35 години, но дека повторените упади се сериозен проблем, објавува американскиот портал „The Hill“.

Според порталот, биле преземени сите разумни безбедносни мерки, вклучувајќи безбедносни брави, контејнери отпорни на мечки и дополнителни безбедносни системи, но тоа не спречило уште еден инцидент.

Случајот бил пријавен во Агенцијата за ресурси и див свет на Тенеси (TWRA), која потврдила дека нејзините службеници се свесни за инцидентот и спроведуваат истрага.

Сопствениците на продавницата изразиле надеж дека мечката ќе биде преместена, со порака за почитување на локалниот див свет и Националниот парк „Грејт Смоки Маунтинс“.

ИЗДВОЕНИ