Зошто ураганите имаат имиња, и тоа најчесто женски?

72
EPA/Ernesto Mastrascusa

Додека Карибите и југоисточна Куба сè уште се опоравуваат од разорната бура Мелиса, еден од најмоќните урагани во последниве години, многумина повторно се прашуваат – зошто бурите воопшто имаат имиња, и тоа често женски?

Додека целиот свет го повторуваат тоа име како предупредување, малкумина знаат дека зад секоја „Мелиса“, „Катрина“ или „Ирма“ стои приказна која не е само метеоролошка, туку и социјална, историска и симболична.

Бидејќи начинот на кој ги именуваме бурите – го одразува начинот на кој ги разбираме. Пред да им се дадат имиња, ураганите биле означени со броеви и географски координати, што било практично за метеоролозите, но збунувачко за јавноста.

Кога жените станале „урагани“?

Во 1953 година, Националната метеоролошка служба на САД официјално усвои систем во кој сите урагани добивале исклучиво женски имиња. Причината била едноставна: тие биле попрепознатливи и полесни за запомнување.

Така, во вестите се појавувале „дами-урагани“ како Катрина, Бети и Дора. Сепак, овој обичај наскоро станал контроверзен.

Промена по феминистичкиот притисок

Во текот на 1970-тите, феминистичките движења во САД ја критикуваа практиката на давање само женски имиња на бурите, со пораката: Зошто деструктивните и непредвидливите сили секогаш се женски?

Под притисок од јавноста и движењето за родова еднаквост, во 1979 година беше воведен наизменичен систем: едно машко, потоа едно женско име – и така натаму.

Денес, секој метеоролошки регион (Атлантик, Тихи Океан, Индиски Океан) има список од 21 име за тековната сезона. Листите ги составува Светската метеоролошка организација (СМО), а имињата се ротираат на секои шест години.

Ако ураганот предизвика огромна штета, неговото име се „пензионира“ засекогаш, од почит кон жртвите – како што се Катрина (2005), Ирма (2017) или Марија (2017).

Некои студии покажаа дека луѓето ги сфаќаат машките урагани посериозно затоа што женските имиња изгледаат „поблаги“. Сепак, историјата покажала дека името нема никаква врска со силата: ураганот Катрина беше еден од најразорните во модерното време.

ИЗДВОЕНИ