
Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше на прашањето од новинар кој сугерираше дека не го казнил рускиот лидер Владимир Путин затоа што одбил веднаш да започне разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави британскиот „Гардијан“.
На прес-конференција, Трамп, видливо вознемирен, го праша новинарот: „Како знаете дека не се преземаат никакви мерки?“ и додаде дека е погрешно да се зборува за „неактивноста“ на Вашингтон. „Не сум преминал ниту во втората ниту во третата фаза“, рече американскиот лидер.
Саркастично го советуваше новинарот да „најде нова работа“ по ваквите прашања.
За време на својот говор, Трамп покажа фотографија со Путин од самитот во Алјаска, нагласувајќи дека нивната соработка е добра и дека „нему му оди добро, а и мене ми оди добро“.
Американскиот претседател потсети дека сè уште постои „втора и трета фаза“ во случај Вашингтон да е незадоволен од темпото на решавање на украинското прашање. Како што нагласи, нема потреба од дополнителни изјави до Путин, бидејќи „тој добро ја знае својата позиција“ и одлуките ќе бидат донесени соодветно.