Во луксузното одморалиште каде што се одржува самитот, беше снимен момент кој предизвика потсмев и шепотења зад затворени врати – Мелони беше фатена како театрално превртува со очите откако Макрон ѝ шепна нешто. Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, а на него се гледа како Мелони се наведнува кон Макрон додека ѝ шепоти нешто на уво, пред јасно да го покаже своето незадоволство со превртување на очите.
What did Macron tell Giorgia Meloni ?
I will divorce my wife, will you marry me?#giorgiameloni #macron #G7Summit2025 #G7Kananaskis2025 pic.twitter.com/hiP0VgFwLt
— Giorgia Meloni || PM of Italy || 2027 || (parody) (@Georgiameloniii) June 17, 2025
Во атмосфера која е инаку строго формална и протоколски определена, овој гест предизвика низа јавни коментари.
Сепак, тоа не беше единствениот непријатен момент на собирот на лидерите на САД, Канада, Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Јапонија и Европската Унија. За време на прес-конференцијата, новиот канадски премиер Марк Карни го прекина американскиот претседател Доналд Трамп кога новинарите го прашаа за неговата политика кон мигрантите.
„Ќе ја искористам мојата улога како домаќин бидејќи ни остануваат само неколку минути со претседателот и неговиот тим, а треба да преминеме на сериозни теми“, рече Карни, прекинувајќи го Трамп пред собраните медиуми.
Но, вистинската бура се појави кога Трамп изјави дека исклучувањето на Русија од тогашниот Г8 во 2014 година е „голема грешка“ и практично го обвини тој потег за инвазијата на Украина.
„Путин разговара само со мене. Тој не разговара со никој друг“, рече Трамп, што предизвика видливо незадоволство кај другите лидери.
Изјавите на Трамп фрлаат сенка врз претстојниот состанок на украинскиот претседател Володимир Зеленски со лидерите на Г7, на кој се очекува тој да побара построги санкции против Москва и нови договори за воена помош со Западот. Зеленски рече дека лично ќе се обиде да „извлече“ поддршка од Трамп за дополнителни испораки на оружје и построги санкции кон Русија.