Владата има амбициозна програма во делот на инфраструктурата, исто така во туризмот и во авиосообраќајот. Во таа насока, Македонија води одлични политики во делот на ависообраќајот и ја потенцира можноста за воспоставување авиолинија меѓу Македонија и Катар (Скопје и Доха). Ова му го најави заменик- претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на Рашид бин Саед ал Кајари, вршител на должноста амбасадор на Катар.
– Соработката меѓу Македонија и Катар е многу важна за развој на економијата, туризмот и, секако, за поврзување на граѓаните од двете земји. За нас е особено значајно да се воспостави директна линија меѓу двете земји, пред сè поради одржување на бизнис-релациите. Имаме добра соработка со Катар, но сметаме дека постои голема можност да се зголеми оваа соработка преку размена на искуства, нови инвестиции итн. – истакна Николоски.
Тој истакна дека Македонија е во фаза на реализација на крупни капитални проекти и повика сите заинтересирани компании од Катар да се пријават на меѓународните јавни повици.












