Коцкарите се обложиле со 32,7 милиони долари на исходот од холандските парламентарни избори во последните недели, користејќи ја американската платформа за предвидување Polymarkets.
Најголем број облози биле поставени на Партијата на слободата (PVV) – повеќе од 10 милиони долари, а на D66 – речиси шест милиони, објавува NL Times.
Polymarkets е онлајн платформа за предвидување која нема лиценца за коцкање, но им овозможува на корисниците да се обложуваат на исходот од идните настани, вклучувајќи ги и парламентарните избори.
До минатиот вторник, PVV беше фаворит со 70-80 проценти шанси за победа, но во среда D66 го презеде водството, со 94 проценти шанси за освојување на најмногу места.
Во случај на нерешен резултат, победникот ќе се определи по азбучен ред.
На платформата за предвидување на следниот премиер, лидерот на Христијанско-демократскиот апел (CDA), Анри Бонтенбал, долго време беше фаворит со повеќе од 50 проценти шанси, но сега лидерот на D66, Роб Јетен, е во водство со околу 81 процент.
Шансите на лидерот на ПВВ Герт Вилдерс да стане премиер се 1,1 отсто.












