Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант, кој почина пред шест години, предвиде дека Џејмс Харден никогаш нема да ја освои шампионската титула во НБА-лигата. Тој го кажа ова во 2019 година, што се покажа како точна прогноза.

Со својот ЛА Клиперс, Харден претрпе болен пораз на гостински терен, на седмиот натпревар против Денвер и со тоа беа елиминирани од плејофот на Западната конференција. Тој е играчот што беше најкритикуван по елиминацијата на неговиот тим, и не е чудно тоа бидејќи го заврши натпреварот со седум поени, пет скока и 13 асистенции. Сепак, одличната статистика во асистенции беше засенета од поразот и од слабата изведба во постигнувањето поени, бидејќи тој погоди една од четирите тројки, а истото се случи и во неговите шутови за два поена. Шутираше со 2:8 од поле, што е 25 проценти, а, исто така, забележа и две украдени топки и две загубени топки, па затоа не е изненадување што е меѓу главните виновници за поразот. Навивачите се поделени, од оние што го обвинуваат тренерот Тајсон Лу до оние што не се воодушевени од серијата на човекот што беше 11-кратен ол-стар играч, бидејќи постигнуваше, во просек, по 14 поени во плејофот, додека неговиот просек во лигата е 22,8 коша на натпревар.

Кога се зборува за играчите што се најдобри шутери во лигата, често може да се слушне дека е Харден на исто ниво со Коби Брајант. Американецот сега има 35 години и нема сомнение дека е добар шутер дури и на поодминати години, но, исто така, е факт дека се мачи во плејофот, во текот на целата своја кариера. Затоа Коби своевремено рече дека со стилот на игра, Харден никогаш нема да го освои НБА-прстенот.

  • Не сум обожавател, што се однесува до освојувањето шампионати, не мислам дека тој стил некогаш ќе освои прстен – истакна Брајант во тоа време, во емисијата „The Jump“.

Исто така, во тоа време Брајант имаше и детална анализа за играта на Харден.

  • Мора да го држи тимот над вода за да победува на натпреварите. Ако земете еден играч, го поставите на позицијата крило или го поставите на крило и изведувате блокади, секогаш сте пред одбраната. Одбраната може да се потпре на тоа, особено во плејофот. Потоа е лесно да се одбраните – констатираше Брајант одамна и објасни зошто Харден го нема препознатливиот стил на игра кога е најпотребно.

Сепак, и покрај сè, Харден ќе се памети дека еден од најдобрите шутери во лигата кој не успеал да стигне до НБА прстенот, а се чини дека Коби Брајант добро ја проценил ситуацијата во 2019 година.

ИЗДВОЕНИ