Коалицијата на јапонската премиерка Санае Такаичи убедливо победи на предвремените избори за Долниот дом, покажаа денеска излезните анкети.
Нејзината Либерално-демократска партија и коалициските партнери обезбедија најмалку 366 од 465 места во Долниот дом на парламентот, објави јавниот радиодифузен сервис NHK, давајќи ѝ убедливо мнозинство, објави „Ројтерс“.
Иако убедливата победа на владејачката коалиција беше очекувана, дури и стратезите на ЛДП не го очекуваа резултатот.
Гласањето се одржа на 4.400 избирачки места, но излезноста беше мала поради обилните снежни врнежи.
Такаичи беше избрана за премиер во октомври минатата година со парламентарно гласање, откако ја раскина долгогодишната коалиција со центристичката партија Комеито и формираше коалиција со десничарската Партија за обнова. Со ова се стави крај на процесот во кој ЛДП губеше гласови од десничарските партии.












