Кнедли со сливи: Рецепт за десерт стар 50 години со кој пораснале генерации

101

Совршени и меки, најдобро е веднаш да ставите двојна мерка.

За кнедлите:

500 г компири
200 г брашно
1 жолчка од јајце
30 г путер
малку сол

За посипување:

150 г презла
150 г шеќер
80 г путер

И уште:

9 поголеми или 18 помали сливи

Подготовка:

Тесто: Излупете ги компирите и сварете ги во солена вода. Исцедете ги, згмечете ги и оставете ги да се оладат. Додадете омекнат путер, сол, жолчки. Потоа постепено додавајте го брашното, мешајќи постојано. Тестото треба да биде меко и еластично.

Распоредете го на дебелина од 5-7 мм и исечете го на квадрати 10×10 (во зависност од големината на сливата). Ставете една слива без семка во средината на секој квадрат, а потоа спојте го тестото во кнедла. Ставете ги кнедлите на набрашнета површина. Во длабок сад сипете вода (малку повеќе од половина) и кога ќе зоврие, спуштете ги кнедлите и варете ги 10 минути, односно додека не испливаат на површината.

Извадете ги со решеткаста лажица, ставете ги во тава и извалкајте ги во смеса од презла и шеќер.

Подготовка на презла: Растопете го путерот на тивок оган, додадете ја презлата и кога смесата ќе се соедини, тргнете од оган и додадете шеќер.

ИЗДВОЕНИ