Клучни преговори: Американски, украински и европски претставници во Женева

0

Високи претставници на САД и на Украина, како и советниците за национална безбедност на Франција, Велика Британија и Германија денеска во Женева, Швајцарија ќе разговараат за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина.

Новоименуваниот специјален пратеник за промоција на мировниот план за завршување на војната во Украина, Даниел П. Дрискол веќе пристигна во Женева, а се очекува да пристигнат и специјалниот пратеник Стив Виткоф и државниот секретар Марко Рубио.

Во Женева ќе присуствува украинската делегација, предводена од шефот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак. Во Женева ќе присуствуваат и секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустен Умеров, началникот на Главната дирекција за разузнавање (ГУР) на Министерството за одбрана Кирил Буданов, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Гнатов и други високи претставници.

Трамп пред два дена изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски има рок до 27 ноември да го одобри планот од 28 точки. Но, Трамп вчера одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека неговиот мировен план за Украина не е конечен.

За ЕУ се спорни четири точки од планот на Трамп за Украина

Последни два метри до компромис: Американскиот претставник предупредува – претстојат многу тешки одлуки за Украина

ИЗДВОЕНИ