Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, појасни дека изградбата на клучката кај Момин Поток досега се одвивала во сложени услови поради густиот сообраќај и поради нерешени имотно-правни односи, но оти сега процесите се одблокирани и конечно работата се забрзува. – По период на застој, продолжува реализацијата на една од најважните сообраќајни точки во градот, каде што се вкрстуваат неколку клучни сообраќајни правци. Во тек е изградбата на атмосферска канализација Ф-1200 на булевар „Никола Карев“ во должина од 550 метри, од мостот на Серава до булевар „Словенија“. Паралелно, се гради и новиот мост на Серава на истиот булевар, кој ќе премостува три ленти во еден правец и четири во друг, со вкупна ширина од 44 метри – истакна Ѓорѓиевски.

Тој најави и оти се подготвува и надвозникот на булевар „8 Септември“, долг 43,5 метри, кој ќе го премости булеварот „Никола Карев“ и ќе ја поврзе кружната крстосница со турбо кружен тек, како што кажа, многу важна алка во целото решение

 

Активностите за изградба на клучката кај Момин Поток продолжуваат.  Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека е одблокиран процесот и дека работите продолжуваат со засилена динамика.

– По период на застој, продолжува реализацијата на една од најважните сообраќајни точки во градот, каде што се вкрстуваат неколку клучни сообраќајни правци. Во тек е изградбата на атмосферска канализација Ф-1200 на булевар „Никола Карев“ во должина од 550 метри, од мостот на Серава до булевар „Словенија“. Паралелно, се гради и новиот мост на Серава на истиот булевар, кој ќе премостува три ленти во еден правец и четири во друг, со вкупна ширина од 44 метри – истакна Ѓорѓиевски.

Тој најави и оти се подготвува и надвозникот на булевар „8 Септември“, долг 43,5 метри, кој ќе го премости булеварот „Никола Карев“ и ќе ја поврзе кружната крстосница со турбо кружен тек, како што кажа, многу важна алка во целото решение.

Ѓорѓиевски појасни дека досега изградбата се одвивала во сложени услови поради густиот сообраќај и поради нерешени имотно-правни односи, но оти сега процесите се одблокирани и, конечно, работата се забрзува работата.

– Наскоро, овој сообраќаен јазол ќе донесе сериозно олеснување за илјадници граѓани – побрз проток, помал метеж и модерен приод кон Скопје  –  заклучи Ѓорѓиевски. 

Тој не прецизира кога би се завршил овој проект.

Скопјани досега мака мачеа  да го поминат делот од градот каде што се гради клучката на местото на крстосницата помеѓу булеварите „8 Септември“ и „Никола Карев“ (патот кон Визбегово). Се жалеа дека не можат навреме да стигнат до саканата дестинација бидејќи автомобилите буквално лазат. Тие реагираа дека со години се реализира овој огромен проект, кој според својата комплексност е еден од најсложените сообраќајни проекти во Град Скопје.

Инаку, Градот Скопје со изведбата на Клучката кај Момин Поток во општина Карпош започна во 2021 година, во времето кога прв човек на градот беше Петре Шилегов и тогаш беше нагласено дека ќе биде завршен за две, најмногу за две и пол години.

Со проектот се предвидува изградба на два кружни тека, кои значително треба да го намалат сообраќајниот метеж во овој дел од градот и сообраќајно да го решат ова „тесно грло“, а кои веќе се завршени. Едниот кружен тек е меѓу булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“ и е завршен во 2023 година, а другиот кај булеварот „Никола Карев“ и патот кон Визбегово, Обиколницата и косовската граница, кој исто така е готов, но не е пуштен во употреба.

Кружниот тек кај Момин Поток е со шест коловозни ленти, четири од нив се дигаат на девет метри, и влегуваат во ридот кај касарната „Илинден“, каде што е изведен вториот кружен тек, со што ќе се овозможи непречено движење на сообраќајот без застој и без семафори.

Последното образложение на ексградоначалничката Данела Арсовска, беше дека изградбата на оваа клучка се одолговлекува бидејќи се одвива во отежнати околности поради големата фреквенција на сообраќај, а дополнителен проблем претставувале нерешените имотно-правни односи за кои се воделе судски постапки, а дел од нив биле и во фаза на легализација во Општина Карпош од пред 2021 година.

Последно, според Арсовска, се работеше на изградба на главниот надвозник на клучката, паралелно со изградба на вториот дел од мостот на реката Серава на булеварот „8 Септември“, во насока од клучката кон веќе изградениот кружен тек.

Инаку, изградбата на кружниот тек и клучката чинат 18 милиони евра.

(А. П.)

 

 

ИЗДВОЕНИ