
Јирген Клоп освои речиси сè што можеше со Ливерпул, и додека ужива во паузата од тренерската работа, тој се појавува во јавноста почесто од вообичаено, а откри и за кој играч жали што не го донесе на „Енфилд“.
Германецот помина речиси десет години во Ливерпул и го врати клубот на врвот на светскиот фудбал. Сепак, по девет сезони, тој одлучи дека е време за пауза, па минатото лето го напушти Ливерпул и направи пауза од тренерската работа.
Трофејниот стручњак моментално работи како спортски директор на групацијата „Ред Бул“ и е одговорен за Лајпциг, Њујорк, Омија, Лидс, Париз и Брагантино на глобално ниво.
Сепак, Клоп има многу повеќе слободно време да се појави во медиумите и да зборува за актуелните настани во фудбалот, но и да се осврне на својата тренерска кариера.
Во едно интервју, тој зборуваше за времето поминато во Ливерпул, а еден новинар го праша Клоп дали има некој играч за кој жали што не го довел на „Енфилд“ додека бил тренер на англискиот клуб.
На Клоп не му требаше многу време за размислување и наведе кого жали што никогаш не го довел во Ливерпул.
„Единствениот играч за кој жалам што не го доведов во Ливерпул е Сон Хјунг-Мин. Тој би се вклопил фантастично во Ливерпул“, призна Клоп.
Сон играше во Германија за ХСВ и Баер Леверкузен, а потоа привлече внимание кон себе со одличните настапи, а се шпекулираше дека Ливерпул сака да го потпише.
Сепак, Клоп ја пропушти можноста да го доведе Сон на „Енфилд“, а набргу потоа крилниот напаѓач потпиша за Тотенхем, каде што играше десет години и остави неизбришлива трага.
Репрезентативецот на Јужна Кореја моментално игра во американската МЛС лига за Лос Анџелес, за кого потпиша ова лето.











