Климатолозите во шок: Откако ја преживеавме најтоплата денценија во историјата,  доаѓа вистинскиот пекол

232

Светската метеоролошка организација со 70 процентна сигурност прогнозира дека од 2025 до 2029 година просечното глобално затоплување ќе ги надмине прединдустриските нивоа за повеќе од 1,5 Целзиусови степени и ќе има години кога загревањето ќе биде поголемо и од два степена. Секој дел од степенот на дополнително затоплување може да ги интензивира топлотните бранови, екстремните врнежи, сушите, топењето на ледените капи, морскиот мраз и глечерите

 

Светската метеоролошка организација (СМО), која е агенција на Обединетите нации денеска објави прогноза дека просечното глобално затоплување ќе ги надмине прединдустриските нивоа за повеќе од 1,5 Целзиусови степени во периодот од 2025 до 2029 година.

Прогнозата е со 70 отстотна сигурност, па многу е веројатно дека планетата ќе доживее историско ниво на загревање по 2003 и 2004 година, кои беа најтопли забележани досега. Според Британската метеоролошка служба загревањето ќе биде најголемо и во однос на најтоплото десетлетие. Оваа британска прогноза се темели на прогнозите што ги дале 10 меѓународни центри и на извештајот на СМО.

-Тукушто ги преживеавме десетте најтопли години во историјата. А, за жал, овој извештај на СМО не покажува знаци на пауза, рече заменикот на главниот секретар на СМО, Ко Барет.

Загревањето од 1,5 степени се пресметува во однос на периодот 1850-1900 година, пред човештвото да почне да користи јаглен, нафта и гас, при чие согорување се емитува јаглероден диоксид, стакленички гас, кој наголемо е одговорен за климатските промени, пишува Индекс.хр. Загревањето од 1,5 степени е најоптимистичката цел која земјите во светот ја утврдија со Парискиот договор од 2015 година. Но, се повеќе климатолози сега сметаат дека е невозможно да се постигне, бидејќи емисиите на ЦО2 уште не почнале да опаѓаат на глобално ниво. Напротив, и понатаму растат.

-Ова е во целосна согласност со фактот дека сме близу до надминување на 1,5 Целзиусови степени  кон крајот на 2020-тите или почетокот на 2030-тите, коментиора климатологот Питер Торн од универзитетот Мајноут во Ирска.

Иако е исклучително малку веројатно, СМО прогнозира дека е можно во една од петте следни години загревањето да надмине два степена.

-Ова е првпат да видиме такво нешто во нашите прогнози. Тоа е шок, иако во оваа фаза и мислевме дека тоа е можно, рече Адам  Чеиф од Метеоролошкиот завод и потсети дека пред 10 години прогнозите покажаа веројатност, исто така, многу ниска, дека некоја година ќе надмине 1,5 степени, па тоа се случи со календарската 2024 година.

Дополнително затоплување носи ризик од сè поекстремни настани. Секој дел од степенот на дополнително затоплување може да ги интензивира топлотните бранови, екстремните врнежи, сушите, топењето на ледените капи, морскиот мраз и глечерите. Тоа сценарио како полека да се остварува. Минатата недела Кина во некои подрачја забележа температури над 40 степени, Обединетите Арапски Емирати речиси 52, а Пакистан го погодија смртоносни ветрови по интензивен топлински бран.

-Веќе го достигнавме опасното ниво на глобално загревање со неодамнешните смртоносни поплави во Австралија, Франција, Алжир, Индија, Кина и Гана и со шумските пожари во Канада, рече Фредерике Ото, климатолог на Империал колеџот во Лондон и додаде дека ако продолжиме да се потпираме на нафта, гас и јаглен и оваа година, тоа ќе биде  апсолутно лудило.

ИЗДВОЕНИ