„Клаудија“ ја погоди Европа: Португалски пар загина во ужасна бура, Британија се подготвува за катастрофа

35
EPA/SYNETOS KOSTAS

Жолти временски предупредувања се издадени за делови од Англија и Велс поради обилни дождови кои ги носи бурата Клаудија. Метеоролошката служба предупредува на можност за поплави, при што се очекуваат до 150 милиметри дожд во некои области, објави Скај њуз.

Предупредувањето е на сила од пладне до крајот на денот и опфаќа делови од Велс, Мидлендс, југозападна, југоисточна и источна Англија.

Бурата, именувана од шпанските метеоролози, веќе предизвика временски предупредувања во Шпанија и Португалија, а ги погоди и Канарските Острови.

Според Метеоролошката служба, Клаудија може да предизвика прекини во сообраќајот, прекини во електричната енергија и поплави.

Се очекува јужна Британија да ја погодат од 30 до 50 милиметри дожд, додека делови од источен Велс и централна Англија до 80 милиметри, а на исток до 150 милиметри.

Главниот метеоролог Метју Ленерт изјави дека бурата ќе донесе многу обилни врнежи од дожд во поголемиот дел од централна и јужна Англија и Велс, предупредувајќи дека на некои места може да наврнат дожд колку еден месец за 24 часа.

Метеоролошката служба во Ирска, исто така, издаде предупредувања за југоисточна Ирска во текот на викендот.

Агенцијата за цивилна заштита на Португалија соопшти дека еден постар пар загинал во поплавена куќа кога Клаудија ја погоди источна Португалија, а речиси 14.000 луѓе останале без струја.

Делови од Шпанија вчера беа под портокалово и жолто предупредување за невреме поради бурата Клаудија.

ИЗДВОЕНИ