недела, март 1, 2026
Дома СКОПСКА Кисела Вода ќе добие 10 детски катчиња      

Кисела Вода ќе добие 10 детски катчиња      

38

Општина Кисела Вода почна со изградбата на детско катче, во кругот на ООУ „Свети Климент Охридски“ во Драчево. Тоа е првото од планираните десет на нејзината територија.

-На гумирана подлога што го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување. Просторот ќе биде и осветлен, за безбедна игра и во вечерните часови – соопштија од Општината.

Оттаму додаваат дека со изградбата на овие детски катчиња се  вложува во иднината на најмладите, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра.

-Заедничката игра е основа за развој на социјалните и моторичките вештини, а наш приоритет е секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива и да создава убави детски спомени – нагласуваат од Општина Кисела Вода.

ИЗДВОЕНИ