Кирков: Во Зоолошката градина има туберкулоза, затоа умираат животните

26

Советникот во Град Скопје Стефан Кирков тврди дека во Зоолошката градина постои туберкулоза и дека тоа е причината за смртта и на европскиот бизон.

-Неодамна починаа лами за кои се установи дека биле заболени од туберколуза, исто така пред неколку дена почина и младо мајмунче од видот Гибон за кое исто така резултатите на туберкулоза беа позитивни и тоа е причината за неговата смрт – вели Кирков во објава на Фејсбук.

Тој до дава дека за трагедијата да биде уште поголема пред десетина дена почина и бизонот за кој к ако што вели денес добил официјални резултати дека истиот бил болен од туберкулоза, ноазен тип за кој ако малку се информираме ќе видиме дека е пренослив од животно на животно и од човек на човек.

-Резултатите се добиени од патолошките наоди на погинатите животни од Ветеринарниот факултет, Ветеринарниот институт и од Агенцијата за храна и ветерина – вели  Кирков.

Советникот нагласува дека информациите кои ги добива од Зоолошката внатре и од вработените говорат  дека состојбата е повеќе од аларматна.

– ЗОО Скопје е контаминирано подрачје од оваа болест, се сомневаме дека цели реони се зафатени, вработените се оставени сами на себе без никаква соодветна на ваков тип на епидемија, подложени се на мобинг за да молчат за се што се случува внатре, додека дневно гледаме дека има стотици посетители кој поминуваат низ живеалиштата каде починаа овие животни –  пишува Кирков.

Тој го обвини менаџментот на Зоолошката градина дека молчи, нагласувајќи дека ова што се случува во оваа установа е загрозување и општа опасност по вработените, посетителите и животните.

Кирков ги повика државните институции веднаш да направат вонреден инспекциски надзор и да постапат согласно протоколите кој ги налага ЕАЗА и Светската здравсгвена организација. Потоа да се направи, итна проверка на сите вработени и да се земат брисеви од сите животни и живеалишта, а доколку е потребно и времено да се затвори оваа установа се додека не се процени дека е безбедна.

-Менаџментот Попов и Стаменов молчат, ги нема на работното место, ги нема на седниците на Совет, ги нема да одговорат за цел овој хорор кој се случува во нашата Зоолошка. Заедно со мојата советничка група од ВМРО –ДПМНЕ планираме да поднесеме и кривична пријава против гореспоменатите за секое едно животно и за се што овие луѓе и направија на најстарата зоолошка градина во Европа која догодина ќе прави 100 години од своето постоење, установа која беше и треба да биде лицето на нашиот град – дециден е Кирков.

Според информациите од јавен карактер кој ги побарал од ЗОО Скопје и ги добил, за само три години починале повеќе од 50 животни , а до сега,  к ако што наведува нема никаква одговорност, истрага или било што од менџментот кој  како што вели е заслужен за тоа.

Кирков тврди дека во зоолошката имало колење на коњи, труење на коњи, труење на волци, труење на бербески овци, угинати животни од пневмонија, угинати животни од бактерии, салмонела од расипана исхрана, угинати животни од непознати причини и дека сето тоа ќе биде представено во правна постапка против менаџментот за што ќе има одговорност.

 

 

ИЗДВОЕНИ