Чарли Кирк, помошникот на Доналд Трамп, беше застрелан на јавен настан во Јута.
Кирк, основачот на „Turning Point USA“, зборуваше на презентација 20 минути кога сведоците слушнаа истрели од блиската зграда, изјави портпарол на Универзитетот Јута Вали за „NBC News“.
Кирк беше застрелан во вратот, падна на земја и беше изнесен од настанот од страна на обезбедувањето. Тој почина од повредите неколку часа подоцна.
Истражителите го уапсија осомничениот Тајлер Робинсон 33 часа по пукањето, потег што шефот на ФБИ го опиша како „историски пробив“.
Само една недела пред пукањето, жртвата и вооружениот напаѓач се скарале на јавен настан.
@itsbenjaminlopez This is crazy — Charlie Kirk was literally debating his shooter just weeks before the attack. #CharlieKirk #BreakingNews #Viral #MustSee #Politics
Робинсон му рече на Кирк дека лаже, додека Чарли се обидуваше да го смири.
Кога Кирк му рече дека е левичар и дека треба да се грижи само за себе, вооружениот напаѓач одговори:
„Кој вели дека сум левичар?!“
„Очигледно е дека тоа е став“, возврати Кирк.
Дискутирајќи за образованието, Чарли рече:
„Што научи освен дека си центар на светот и дека сите мора да те слушаат“?