Кирил Пецаков: Случајна средба со Црвенковски во полн ресторан

2050

Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, денеска за весникот ВЕЧЕР изјави дека средбата со Бранко Црвенковски не била однапред планирана.

– Се работи за случајна средба во полн угостителски објект. Ништо друго – ни изјави Пецаков по нашето прашање за карактерот на средбата.

На социјалните мрежи денеска се појави фотографија на која поранешен македонски претседател и лидер на СДСМ Бранко Црвенковски е фотографиран како седи на иста маса со актуелниот градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, со Саше Доневски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, како и со Јован Мирчевски, сопственик на „Пупе компани“.

ИЗДВОЕНИ