Кипарска партија алармира: Израелци купуваат земјиште и градат затворени заедници

128

Кипарската партија Акел изрази загриженост поради, како што го нарекуваат, масовното купување недвижности на Кипар од страна на државјани кои не се членки на ЕУ, особено Израелци. Тие предупредуваат на „целни купувања“ на земјиште што создаваат затворени заедници во Ларнака и Лимасол, при што партијата предлага закон со кој се бара ограничување на издавањето на таканаречените „златни визи“.

Ова е првпат политичка партија сериозно да го покрене прашањето, со акцент на трансакциите со земјиште во кои се вклучени израелски граѓани. „Бидејќи Кипар е мал и се наоѓа во турбулентен регион… ќе продолжиме да укажуваме на потребата од преземање чекори, но и владата мора да дејствува“, изјави лидерот на Акела, Стефану Стефану, за радио CyBC.

„Во последните неколку години, со растот на градежниот бизнис, се забележува масовно купување недвижности од граѓани на трети земји, а забележуваме дека многу поголеми земји од Кипар – Шпанија, Италија, па дури и Германија – поставуваат ограничувања за продажба на недвижности на граѓани на трети земји затоа што сакаат да го заштитат, од една страна, своето земјиште, а од друга страна, затоа што масовната продажба води до зголемување на цените на недвижностите“, изјави тој.

Шефот на партијата Акел рече дека неговата партија поднела два предлог-закона до парламентот, насочени кон ограничување и проверка на процесот на издавање на таканаречената „златна виза“ – издадена на државјани кои не се членки на ЕУ за инвестирање од најмалку 300.000 евра во недвижнини или удел во компанија, пишува Кликс.ба.

Во разговор за CyBC, лидерот на Акел објасни зошто неговата партија ги таргетира израелските граѓани:

„Особено во последниот период, има зголемување на купувањата на недвижнини, целни купувања, а особено во Лимасол и Ларнака… одредени области се купуваат масовно, каде што се создаваат затворени области (затворени заедници) кои се речиси недостапни за никого освен за израелските граѓани. Се градат ционистички училишта – така ги нарекуваат – се градат синагоги, и тоа го разбирате, во врска со разни медиумски извештаи што се појавуваат во сериозни весници во самиот Израел, во кои се сугерира дека Израел подготвува „двор“ на Кипар… па ова не може, а да не ни го вклучи алармот“, рече тој.

Според Стефану, локалното население е добро запознаено со проблемот.

„Ако одите во Ларнака и Лимасол, луѓето таму ќе ви кажат за одредени области каде што се случува ова, но властите го игнорираат тоа“, рече тој.

Стефану даде слични забелешки на конгресот на партијата Акел, одржан минатиот петок.

Таму, тој ја повика владата „да ја заштити нашата земја и да обезбеди Кипар засекогаш да им припаѓа на Кипарците“.

Во Ларнака, израелските граѓани се четврти најчести купувачи, со 1.406 купувања на недвижности, од кои 481 се со тапии за сопственост.

ИЗДВОЕНИ