среда, февруари 11, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Кинескиот текстилен гигант „Гуан Нан“ ќе гради фабрика во Србија

Кинескиот текстилен гигант „Гуан Нан“ ќе гради фабрика во Србија

82

Кинескиот текстилен гигант „Гуан Нан“ најави изградба на фабрика во Србија. Инвестицијата ја потврди и потпретседателката на српската Влада и министер за економија, Адријана Месаровиќ, за време на посетата на Изложбениот центар за текстилна индустрија во општина Кечао.

Групацијата поседува 6 индустриски паркови во Кина кои се произведува сè – од предиво до финални производи. Министерката нагласи дека е планирана изградба на таков парк во Србија, за чија изградба се потребни 100 хектари земјиште и квалификувана работна сила, што Србија, како што вели, ги има.

Претседателот на групацијата „Гуан Нан“, Цаи Шоќинг, кој е и сопственик на компанијата, рече дека е заинтересиран за инвестирање во Србија каде што би се реализирала неговата прва европска инвестиција.

– Мојата намера е да инвестирам во Србија, да изградам индустриски парк во областа на текстилната индустрија, каде што, покрај мене, ќе инвестираат и голем број силни компании од градот Шаоксинг и од други делови на Кина. Неколкупати ја посетив Србија и го ценам челичното пријателство меѓу двете земји, како и фактот дека Владата на Република Србија им дава целосна поддршка на кинеските инвеститори и сум сигурен дека оваа инвестиција ќе биде реализирана –  рече тој.

Шокинг додаде дека неговата компанија досега инвестирала во многу земји од Југоисточна Азија и сега сака да го насочи својот фокус кон Србија, како европска земја чие пријателство многу го цени.

ИЗДВОЕНИ