Кинескиот лидер Шји Џипинг ги искритикува САД и ја претстави Кина како нов лидер на глобалниот поредок

152

Кинескиот лидер Шји Џинпинг денеска упати индиректна критика до Соединетите Американски Држави, осудувајќи ги „насилните практики“ и претставувајќи ја својата земја како нов лидер на глобалниот поредок, во време кога надворешната политика „Америка на прво место“ на претседателот Доналд Трамп ја менува светската сцена, пишува CNN.

-Домашните правила на неколку земји не треба да им се наметнуваат на други, им рече Си на повеќе од 20 светски лидери собрани на дводневниот самит на Шангајската организација за соработка (ШОС).

Средбата во северниот пристанишен град Тјанџин е дизајнирана да го нагласи глобалното лидерство на Кина и нејзиното силно партнерство со Русија, бидејќи двете сили се стремат да ја преобликуваат светската моќ во нивна корист, а на штета на САД и нивните сојузници.

Самитот, кој е поддржан од Пекинг и Москва, е најголемиот дипломатски настан на Кина во годината и привлече големи личности како што се рускиот претседател Владимир Путин, индискиот премиер Нарендра Моди и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Си вети 2 милијарди јуани (280 милиони долари) грантови за членовите на ШОС оваа година и дополнителни 10 милијарди јуани (1,4 милијарди долари) кредити за банкарскиот конзорциум на организацијата во текот на следните три години.

-Треба да ја искористиме силата на нашите мегапазари и економската комплементарност меѓу земјите-членки и да го подобриме олеснувањето на трговијата и инвестициите, рече кинескиот лидер.

Подоцна тој претстави нова Иницијатива за глобално управување, која се темели на неговите претходни иницијативи за безбедност, развој и цивилизација, кои сите заедно ја формираат рамката за неговата визија за преобликуван меѓународен поредок.

-Се радувам на соработката со сите земји за пофер и порамноправен систем на глобално управување, рече Си, ветувајќи поголемо влијание од земјите во развој. „Треба да продолжиме да уриваме ѕидови, а не да ги креваме; да бараме интеграција, а не одвојување“, додаде тој. Без директно да ги спомене САД, Си вети дека ќе се спротивстави на „хегемонизмот“, „менталитетот на Студената војна“ и „насилните практики“ – термини што Пекинг често ги користи за да го критикува Вашингтон.

 

ИЗДВОЕНИ