Четири кинески функционери се отпуштени поради огномет на Хималаите, организиран за лансирање на колекција од брендот за спортска облека Arc’teryx, кој предизвика широки критики. Како што денес објави Би-Би-Си, видео снимки од огномет во форма на змеј кој се издига над планински предел предизвика загриженост за животната средина.
Arc’teryx и кинескиот пиротехнички уметник Каи Гуо-Ќијанг, кој ja дизајнираше претставата минатиот месец, подоцна се извинија.
Покрај апсењата, властите истражуваат и други функционери.
Според одлуката на властите на автономната покраина во рамките на Кина, Arc’teryx и Каи мора да обезбедат надомест за штетите и да помогнат во „обновувањето на животната средина“ во Тибет.