Кинеското Министерство за трговија соопшти дека Пекинг ќе „се бори до крај“ доколку е потребно, но остана отворено за дијалог со САД откако претседателот Доналд Трамп објави нови царини за увоз од земјата.
„Ако сакате да се борите, ние ќе се бориме до крај. Ако сакате да преговараме, нашата врата останува отворена“, изјави портпаролот на Министерството за трговија.
Трамп објави во петок, 10 октомври, дека САД ќе воведат дополнителни царини од 100 проценти за кинески стоки, покрај оние што веќе се во сила, и дека мерката ќе стапи на сила најдоцна до 1 ноември.