петок, февруари 6, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Кина воведува царини до 43 отсто на одредени млечни производи од ЕУ

Кина воведува царини до 43 отсто на одредени млечни производи од ЕУ

45
Мерките се однесуваат на дел од кашкавалите, како и на павлаката, а царините во моментот се наплаќаат во вид на депозит, пренесува „Блумберг“.
Кина ја отпочна истрагата за увозот на млечни производи од ЕУ во 2024 годна, а во август годинава ја продолжи постапката за дополнителни шест месеци поради, како што се наведува, сложеноста на случајот, пренесе „Танјуг“.
Европската унија ја оспори кинеската истрага за млечните производи и поднесе барање за консултација во рамки на Светската трговска организација.
Оваа одлука е продолжение на поширок трговски спор меѓу Кина и Европската унија, напоменува њујоршката агенција.
Властите во Пекинг минатата недела воведоа антидампинг царини во размер од 5 до 20 посто на увозот на свинско од ЕУ.
Во октомври минатата година Европската унија изгласа царини од 45 отсто на електрични возила од Кина, и отвори истрга за државните субвенции на Пекинг во повеќе сектори.

ИЗДВОЕНИ