вторник, февруари 10, 2026
Дома СВЕТ Кина воведе санкции за американските компании за оружје поради вооружување на Тајван

Кина воведе санкции за американските компании за оружје поради вооружување на Тајван

31

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата вовела санкции против 10 поединци и 20 американски одбранбени компании, вклучувајќи ја и филијалата на „Боинг“ во Сент Луис, Мисури, поради продажба на оружје на Тајван.

Мерките ги замрзнуваат сите средства што компаниите и поединците ги поседуваат во Кина и им забрануваат на локалните организации и луѓе да соработуваат со нив, соопшти министерството.

На лицата на списокот со санкции им е забранет и влез во Кина.

На лицата на листата, вклучувајќи го основачот на одбранбената компанија „Андурил индустрис“ и девет високи раководители на санкционираните компании, им е забранет влез во Кина, додаде министерството.

Други компании што се цел на санкциите се „Нортроп Груман Системс Корпорејшн“ и „Л3Харис Маритим Сервисиз“.

ИЗДВОЕНИ