Кина вети 500 милиони долари за СЗО, откако САД се повлекоа

37

Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за Светската здравствена организација (СЗО) во следните пет години, изјави вчера кинескиот вицепремиер Лиу Гуожонг. На состанок на СЗО во Женева, тој вети поддршка од Кина за СЗО, по неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече својата земја од организацијата, што ќе доведе до нагло намалување на нејзиното финансирање.

На состанокот постигнат е договор за борба против пандемии со кој треба да се извлечат поуки од пандемијата на коронавирусот и да се зајакне меѓународната соработка во борбата против идни пандемии. Суштината на договорот е брза размена на информации меѓу државите и фармацевтските компании за нови предизвикувачи на болести со цел да се овозможи брз развој на контрамерки, лекови и вакцини. Неговото техничко спроведување сè уште треба да се договара во рамки на работна група, а договореното да се одобри од земјите-членки на СЗО на следното Собрание следната година. Потоа може да почне неговата ратификација, а за да стапи на сила, договорот мора да биде ратификуван од 60 земји-членки на СЗО.

ИЗДВОЕНИ