Министерството за надворешни работи на Кина остро реагираше на денешните настани, осудувајќи ги нападите на САД во Венецуела и апсењето на претседателот Николас Мадуро.
Пекинг изјави дека воената операција претставува кршење на меѓународното право, наведувајќи во соопштение дека се „длабоко шокирани и силно ја осудуваат употребата на сила од страна на САД против суверена земја и употребата на сила против претседателот на земјата“.
„Кина цврсто се спротивставува на таквото хегемонистичко однесување од страна на САД, кое сериозно го крши меѓународното право, го поткопува суверенитетот на Венецуела и го загрозува мирот и безбедноста во Латинска Америка и Карибите“, се вели во соопштението.
Конечно, беше упатен директен повик до Соединетите Американски Држави. „Ги повикуваме САД да се придржуваат кон меѓународното право и целите и принципите на Повелбата на ОН и да престанат да го кршат суверенитетот и безбедноста на другите земји“, заклучи кинеското министерство во соопштение.












