Кина денес ги повика сите страни на Блискиот Исток, особено Израел, веднаш да ги прекинат борбите, објави АФП. Изјавата доаѓа во време кога размената на оган меѓу Иран и Израел продолжува, а американскиот претседател Доналд Трамп разгледува евентуално вклучување на САД во конфликтот.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, изјави: „Кина силно ги повикува сите страни вклучени во конфликтот, особено Израел, да ги стават интересите на луѓето од регионот на прво место, веднаш да го прекинат огнот и да го прекинат конфликтот“.
Тој додаде дека Пекинг се спротивставува на секој чин што го нарушува суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на други земји, како и на употребата или заканата со сила во меѓународните односи.