Кина казнува две дигитални социјални платформи – ќе мора строго да ја следат и отстрануваат секоја објавена субверзивна содржина

49
Фото:википедија

Кинескиот интернет регулатор денес објави дека ќе казни две социјални платформи, од кои едната му припаѓа на гигантот „Бајт-Денс“(ByteDance).

Во понеделник беше објавена кампања за борба против злоупотребата што им се припишува на социјалните медиуми. Властите им наредија строго да ја следат содржината објавена од корисниците и да го отстрануваат она што го сметаат за субверзивно, вулгарно, порнографски или генерално штетно.

Агрегаторот на содржини „Џинри Тутијао“ во сопственост на „Бајт-Денс“, матичната компанија на „ТикТок“, „Бајт-Денс“, ширел „штетна содржина“, соопшти Администрацијата за сајбер простор, објавувајќи ја казната, но не прецизирајќи ја природата на содржината.

Интернет пребарувачот „Ју-си-веб“ (UCWeb), во сопственост на кинескиот гигант „Алибаба“ (Alibaba), исто така ќе биде казнет за „масовно ширење клучни зборови поврзани со исклучително чувствителни прашања“, соопшти администрацијата.

Двете компании ќе бидат повикани на сослушувања, ќе им бидат дадени наредби да ги исправат прекршувањата во одреден рок, предупредувањата и санкциите за одговорните ќе бидат строги, соопшти регулаторот.

Двомесечната кампања против несаканата содржина на социјалните медиуми, објавена во понеделник, ќе биде насочена кон „злонамерно поттикнување на конфликт“ и пренесување на „негативни ставови за животот“.

Ширењето гласови за економијата, финансиите, социјалната заштита и јавните политики на Кина, како и „злонамерното толкување на општествените факти“ и „претерувањето“ се меѓу проблемите што ги наведува регулаторот.

Три платформи веќе се санкционирани овој месец поради немодерирање на содржината: „Веибо“ (Weibo), често споредуван со платформата „Икс“ (X), видео апликацијата „Куаишо“ (Kuaishou)и „Ксиаохонгшу„  (Xiaohongshu) (исто така позната како „Ред ноут“ (RedNote), социјална мрежа популарна кај младите луѓе споредлива со Instagram.за следење на гладот ​​вели дека дел од енклавата страда од глад.

ИЗДВОЕНИ