Русија и Кина покажуваат поголема стабилност како меѓународни партнери во споредба со Соединетите Американски Држави под претседателот Доналд Трамп, оцени аналитичарот Мајкл Кимаџ, пренесува „Њујорк тајмс“.
„Кинескиот аргумент, на кој Русија со задоволство се приклучува, е дека Соединетите Американски Држави се вистинскиот извор на нереди. И тоа веќе не е само мем или аргумент. Тоа е вистина“, нагласи Кимаџ.
Според него, „деструктивните“ трговски војни на Трамп и „нестабилната“ надворешна политика придонесоа за впечатокот дека Москва и Пекинг изгледаат посигурни и постабилни партнери за другите земји отколку Вашингтон.
Инаку, и „Волстрит џурнал“ претходно објави дека лидерите на Русија, Кина и Индија покажаа единство на самитот на Шангајската организација за соработка во Кина, со што претставуваа предизвик за надворешнополитичките потези на претседателот Трамп.