Денес во кинеската покраина Гуиџоу беше отворен мост кој веќе влезе во историјата – највисокиот во светот – изграден над Големиот кањон Хуиџијанг.
Структурата се издига 625 метри над реката, е долга 2.890 метри, додека главниот распон помеѓу столбовите е импресивни 1.420 метри.
Мостот не е само највисок на планетата, туку е и инженерски рекорд во категоријата мостови со најголем распон во планинските области.
Изградбата траеше три години, а завршувањето на проектот беше обележано со церемонија на која присуствуваа инженери, службени лица и бројни набљудувачи.
Висината на мостот е двојно поголема од висината на Ајфеловата кула, а го сруши и претходниот рекорд што го држеше мост во истата покраина.