Ким Катрал за својата улога во „Сексот и градот“: Саманта не беше нимфоманка/ВИДЕО

123
EPA-EFE/DAVID SWANSON

Актерката Ким Катрал, најпозната по улогата на Саманта Џонс во серијата „Сексот и градот“, за „Тајмс“ зборуваше за најчестата заблуда за нејзиниот лик, а тоа е дека Саманта била нимфоманка.

Ким Катрал играше сексуално ослободена и успешна ПР жена која остана сама по свој избор.

Од 1998 до 2004 година, таа глумеше заедно со Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис, која ги играше нејзините најдобри пријателки Кери, Миранда и Шарлот.

„Саманта не беше нимфоманка – иако некои луѓе ја сметаа за таква. Таа едноставно уживаше во главното јадење, додека други беа задоволни со предјадењата“, рече Ким.

„И секогаш беше под нејзини услови, инсистирав на тоа од самиот почеток“, додаде таа.

Иако ликот на Саманта Џонс стана икона на женската сексуална слобода, Катрал тврди дека во приватноста таа е сосема поинаква.

„Јас сум сосема спротивна од неа. Јас сум сериски моногамист, и повеќе од тоа“, нагласи таа.

Се омажила на 19 години
Катрал првпат се омажила на 19 години за канадскиот писател Лари Дејвис, но бракот бил поништен по две години.

Во своите 20-ти години, таа била во брак со германскиот архитект Андреас Лисон седум години, а во раните 40-ти години со музичарот Марк Левинсон.

Со него, таа ја напишала книгата „Задоволство: Уметноста на женскиот оргазам“ во 2002 година, но се развеле две години подоцна.

Катрал, исто така, ја играла Саманта во два филма („Сексот и градот“, 2008 и 2010 година), но не се вратила за продолжението од 2021 година „И токму така“ и потврдила дека нема да учествува во третата сезона, поради гласини за затегнат однос со Сара Џесика Паркер.

„Создадов фантастичен лик што го сакав и во кој вложив многу љубов. Ако луѓето ме паметат само по тоа, тоа е во ред за мене“, рече таа.

Четири пати ја одбила улогата
Интересно е што Ким ја одби улогата на Саманта четири пати пред да ја прифати, бидејќи не веруваше дека публиката ќе види секси 41-годишна девојка во неа.

„Тоа беше форма на самонаметнат егеизам“, призна таа, додавајќи: „Но тоа се промени, 40-тите станаа секси. Луѓето велеа: „Сакаме повеќе!““

ИЗДВОЕНИ