Американската ријалити ѕвезда, Ким Кардашијан, и седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, првпат заедно се појавија во јавноста, на најголемиот спортски настан во САД – Супербоул.

Двајцата беа снимени на трибините на стадионот „Левис“ во Санта Клара, за време на натпреварот помеѓу Њу Ингланд Патриотс и Сиетл Сихокс, а камерите ги фатија заедно во неколку наврати, што беше доволно за гласиштата да прераснат во – потврда.

Видеата брзо се проширија на социјалните мрежи, а реакциите беа речиси едногласни. Обожавателите коментираа како Ким Кардашијан конечно изгледаше среќна и релаксирана по нејзиниот турбулентен развод.

„Прекрасен пар“, „Создадени се еден за друг“, „Изгледаат толку убаво заедно“ и „Ким Кардашијан конечно изгледа среќно“, се само дел од коментарите што се појавија на платформата „Икс“.

ИЗДВОЕНИ