Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Сергеј Шојгу, денес во Пјонгјанг се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, со кого разговараше за соработката меѓу двете земји во различни области.
Шојгу разговараше со Ким во својство на претставник на рускиот претседател Владимир Путин, објави новинската агенција РИА.
Шојгу и Ким разговараа и за ситуацијата во Украина, како и за ситуацијата на Корејскиот Полуостров.