Ким Џонг Ун ги одликуваше севернокорејските војници кои се бореа за Русија

154

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун им додели медали на припадниците на севернокорејските трупи кои се бореле за Русија во војната против Украина, објави денес државната новинска агенција КЦНА.

Во своето обраќање, Ким рече дека „борбените активности на прекуокеанските оперативни сили“ ја докажале моќта на „херојската“ севернокорејска армија и дека „ослободувањето на Курск“ го докажало „борбениот дух на хероите“, објави Ројтерс.

Ким положи цвеќе на спомен-ѕидот за војниците кои паднале во странство, по што следеше концерт за војниците кои се вратиле од Русија и банкет на кој присуствуваа членови на семејствата на загинатите.

ИЗДВОЕНИ