Учеството на Килијан Мбапе на Светското клупско првенство на ФИФА е под прашалник, бидејќи тој е хоспитализиран. Тој не играше во средата против Ал Хилал поради болест, а сега клубот објави дека е примен во болница.
- Нашиот играч Килијан Мбапе страда од акутен гастроентеритис и е примен во болница за да биде подложен на серија тестови и за соодветен тек на лекувањето – се вели во соопштението на клубот.
На првиот натпревар од Светското клупско првенство на ФИФА, Реал Мадрид се сретна со Ал Хилал и одигра нерешено (1:1). Тоа што недостигаше францускиот напаѓач на теренот беше очигледно. Не е познато дали ќе биде подготвен за следните натпревари. Реал Мадрид има уште два натпревара пред себе, во Групата Х игра против Пачука од Мексико, в недела во 21:00 часот, а потоа, на 27 јуни, против Салцбург, во 3:00 часот изутрина.