Откако ја воодушеви публиката со објавувањето на новиот студиски албум „Двојна прегратка“, Кики Рахимовски ја претставува и истоимената насловна песна, за која е снимен и видео запис.
Режирано, снимено и монтирано од Александар Принц, видеото визуелно го евоцира она што песната го пренесува преку своите текстови и музика: длабоки емоции, ранливост и моќта на љубовта преточени во едноставен, но моќен чин – прегратка.
Низ нежни кадри и суптилна приказна, видеото го следи чувството на топлина и интимност што се провлекува низ целиот албум, но тука тоа доаѓа до израз во полн сјај.
Песната Двојна прегратка ја напиша Саша Драгиќ, а аранжманот и продукцијата се на Срѓан Секуловиќ Сканси. Мелодијата и текстот хармонично се спојуваат во музички израз кој е и интроспективен и универзален – што е исто така заштитен знак на делото на Кики.
Оваа песна го носи и емотивниот печат на целиот албум, кој е посветен на родителите на Кики, и носи десет музички зрели и емоционално наполнети песни за љубовта, ранливоста и личното патување. Заедно со песната Двојна прегратка, публиката веќе ги препозна хитовите Кој не разделува, Само љубов и Што е животот без тебе.