Македонскиот кик-боксер Бобан Илиоски со бронза од Светското сениорско првенство во Абу Даби, ја заврши својата професионална кариера. Тој ја оствари првичната цел откако обезбеди најмалку бронза со победата со 2:1 во четвртфиналето против Раул Сунара од Хрватска.

Во првата рунда од борбата Илиоски се здоби со повреда на препоните, тоа не го спречи да стигне до победата, но не му дозволи да настап во полуфиналето против Мухамед Гамал Афифи Халед од Египет. Овој негов настап беше и последен во неговата кариера, а веста за крај на кариерата ја објави на социјалните мрежи.

  • Денеска ја имав мојата прва борба на Светското првенство. Уште во првата рунда повторно ми се скина препоната, истата повреда која првпат ја доживеав пред 6 месеци. И покрај тоа успеав да извојувам победа против Хрватска. Благодарен сум на Господ за се, нека биде по Божјата волја. Со ова за мене завршува Светското првенство, а и мојата кариера како борец. Тешко е да се прифати, но нема бегање од реалноста. Одлуката ја носам во мир, време е да се посветам на тренерската работа и да вложам се во мојот клуб, за да создадам нови шампиони. Ова не е крај, ова е нов почеток, напиша Илиоски на социјалните мрежи.

ИЗДВОЕНИ