петок, јануари 23, 2026
Дома СВЕТ Киев со денови без струја: Градоначалникот ги повика граѓаните да го напуштат...

Киев со денови без струја: Градоначалникот ги повика граѓаните да го напуштат градот

63
EPA/MAXYM MARUSENKO

Градоначалникот на украинскиот главен град Киев повторно ги повика граѓаните да се евакуираат поради повторените руски напади врз системите за греење на градот. Како што пишува Би-Би-Си, Виталиј Кличко предупреди на социјалните мрежи дека дури 1.940 повеќекатни станбени згради сè уште се без греење по руските напади што се случија на 9 и 20 јануари.

„Искрено ќе кажам, ситуацијата е исклучително тешка и може да стане уште полоша“, рече Кличко, повикувајќи ги граѓаните да се снабдат со основни потреби. Тој додаде дека секој што има можност треба да размисли привремено да го напушти градот на места каде што има стабилно снабдување со електрична енергија и греење. „Ако можете да го напуштите градот и да одите некаде со електрична енергија и греење, не ја отфрлајте таа опција“, рече тој.

Според Би-Би-Си, низ целиот Киев се воспоставуваат таканаречени „точки на отпорност“, специјални шатори и простори наменети за граѓани чии домови останале без електрична енергија и греење. Овие мерки се особено важни со оглед на тоа што температурите во градот се движат околу минус десет степени Целзиусови.

Во исто време, уште еден смртоносен напад е регистриран во источна Украина. Украинските служби за итни случаи објавија дека четири лица, меѓу кои и петгодишно дете, се убиени во напад со руски дрон. Нападот се случил во приватна станбена зона во селото Черкаске, Краматорска област.

ИЗДВОЕНИ