Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез денес објави дека „неколку десетици“ доверливи датотеки биле хакирани за време на кибернапад врз министерството.
Хакерскиот напад, кој се случи кон крајот на минатата недела, ги таргетирал системите за обработка на кривични евиденции (TAJ) и датотеките за барани лица (FPR), објавува „Ле Фигаро“.
Нуњез објасни дека хакерите добиле пристап преку компромитирани е-поштенски сметки, вклучително и пребарување на лозинки, и дека нападот траел „неколку дена“.












