Кошаркарската федерација на Македонија упатува искрена благодарност до кошаркарскиот клуб МКК Куманово, кој во периодот од 13. до 15. февруари во беше домаќин и организатор на завршниот турнир од Купот на Македонија во машка конкуренција, за беспрекорната организација на овој значаен национален настан.
Со својата посветеност, професионалност и одговорен пристап, клубот домаќин овозможи натпреварите да се реализираат на високо организациско и спортско ниво, во атмосфера достојна за едно вакво престижно натпреварување.
Особена благодарност упатуваме и до граѓаните на Куманово, како и до навивачката група „Кумани“, кои со своето достоинствено, културно и спортско навивање дадоа значајна поддршка на својот клуб и придонесоа целокупната манифестација да помине во најдобар ред, во духот на фер-плејот и спортските вредности.
Воедно, Кошаркарската федерација на Македонија упатува честитки до екипата на МЗТ Скопје Аеродром за освоениот трофеј во Купот на Македонија, како и до екипата на МКК Куманово за освоеното второ место и прикажаните квалитетни настапи, се вели во соопштението на КФМ.












