Еден од најдобрите кошаркари, Кевин Дурант, е познат и по тоа што е заколнат ерген и судејќи според фотографијата од социјалните мрежи, тој е во нова врска. Сè започна откако познатата кошаркарка Лиз Кембиџ објави нивна заедничка фотографија на својот инстаграм-профил, по што започнаа шпекулациите.
Дурант не го потврди тоа, но на социјалните мрежи сите веднаш забележаа дека се прекрасна двојка и дека изгледаат среќно.
И претходно Кевин Дурант имаше слабост кон кошаркарките. Негова најпозната врска беше онаа со Моника Рајт, поранешна кошаркарка на WNBA, со која дури и беше свршен во 2013 година. Сепак, тие ја раскинаа свршувачката, а потоа тој призна дека не знаел дека ја сака на вистинскиот начин, по што таа продолжи понатаму и се омажи за Мајкл Роџерс. Дурант остана „слободен“ сиве овие години и нагласи дека не верува во врски.
Лиз Кембиџ (33) е кошаркарка од Австралија, висока е 206 сантиметри и освои бронзен олимписки медал во 2012 година, а има и сребрен светски медал од 2018 година. Играше за бројни тимови во САД и во Кина, но неодамна ја „запали“ јавноста, изјавувајќи дека заработила повеќе пари од сметката на „Oнли фанс“ отколку од својата професионална кариера. Исто така, често отворено зборува за теми што сè уште се табу.
– Да, јас сум спортистка што сака врски. Јас сум над два метра, и сега што?! Па и ние сме луѓе, и ние имаме свои потреби. Како кошаркарка, чувствував дека не смеам да бидам привлечна. Сè што ме замолија беше да седам, да бидам тивка и да тренирам напорно. Бидејќи сум жена и спортист, чувствував огромен притисок во врска со мојата сексуална ориентација. Бев збунета со години. Дали сум лезбијка? Хетеросексуалка? Сакам сè? Дали е сè во ред со мене ако не ги сакам жените? – откри новата девојка да Кевин Дурант.