Градењето станови е очигледно најдоходовниот бизнис во државата. Статистиката покажува дека општините постојано „штанцаат“ одобренија за градење и потоа никнуваат нови и нови згради. А од цената на становите боли глава. Според платформата „Цена квадрат“, во Скопје и натаму станбениот квадрат е најскап. Така, овој месец просечната цена на становите во главниот град достигна 1.828 евра за м2.

Ова со цената на становите е тренд кој трае веќе неколку години. Тоа го заинтригира гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој отвори сериозни прашања за потеклото на средствата со кои се купуваат тие станови.

– Пред пандемијата, 2019 година, соодносот на купување на станови и објекти за живеење бил поповолен во однос на кредитирањето. 65% се купувале на кредит, а остатокот од 35% во готово. Сега, по моите информации од колегите во Народна банка, односот е 50-50. Се разбира дека е вредно да се погледне од каде е изворот на тие средства. Ние не можеме да шпекулираме, најверојатно има и од заштеди – нагласува гувернерот Славески.

Градењето станови е очигледно најдоходовниот бизнис во државата. Статистиката покажува дека општините постојано „штанцаат“ одобренија за градење и потоа никнуваат нови и нови згради. А од цената на становите боли глава. Според платформата „Цена Квадрат“, во Скопје и натаму станбениот квадрат е најскап. Така, овој месец просечната цена на становите во главниот град достигна 1.828 евра за м2 и е за 6 евра поскапо од пикот во јуни, кога станбениот квадрат чинеше 1.822 евра. За споредба, лани во август просечната цена на становите изнесуваше 1.500 евра за м2, што значи дека за само 11 месеци имаме скок од цели 330 евра за м2.

Ова со цената на становите е тренд кој трае веќе неколку години. Тоа го заинтригира гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој отвори сериозни прашања за потеклото на средствата со кои се купуваат тие станови.

– Пред пандемијата, 2019 година, соодносот на купување на станови и објекти за живеење бил поповолен во однос на кредитирањето. 65% се купувале на кредит, а остатокот од 35% во готово. Сега, по моите информации од колегите во Народна банка, односот е 50-50. Се разбира дека е вредно да се погледне од каде е изворот на тие средства. Ние не можеме да шпекулираме, најверојатно има и од заштеди – нагласува Славески.

Тој се согласува дека добар дел од младата популација, особено оние што работат во лукративни дејности од ИТ-технологиите, вршат работа за странски нарачатели, ги добиваат приливите на сметки кои се во странство, па оттаму подигаат готовина која ја внесуваат во Македонија.

– За други извори на средства останува тоа да го утврдат други надлежни органи – вели Славески.

Гувернерот нагласува дека дел од активностите во дел од градежништвото што е констатирано од други институции кои имаат и надлежности и поголем инструментариум за контрола на банка, тоа веќе го имаат утврдено и медиумите имаат известено за извештаи на овие институции.

– Ние, како Народна банка, преку монетарно-кредитната политика може да влијаеме во однос на кредитирањето. Кога сме кај кредитирањето, тоа не е само кредитирањето на купувачите туку, секако, треба да се погледне кредитирањето и на изведувачите во станбениот бизнис. Сето останато, дел е сигурно и во сивата економија – затоа што има индикации и дека набавката и на градежни материјали, исплата на надоместоци, односно, плати на вработените, понекогаш се врши во готовина, но останува ова да го утврдат други институции, тука е финансиската полиција, Министерството за финансии кои заедно со Народна банка се обврзани да вложат максимум ресурси во однос на спречувањето на перење пари – вели гувернерот.

Неконтролираното градење скопјани веќе го чувствуваат по здравјето, особено во зимскиот период, како и во намалената благосостојба бидејќи има сè помалку зелени површини и живеењето во густо населените простори е стресно. Доколку не се преземат мерки, постои ризик градовите да станат бетонски џунгли во кои луѓето ќе се чувствуваат затворено, наместо удобно.

(С.Бл.)

ИЗДВОЕНИ